Утрински Весник
Свет

Истражување: Заштитатa со вакцината на „Модерна“ трае најмалку шест месеци

Истражување: Заштитатa со вакцината на „Модерна“ трае најмалку шест месеци

Новите истражувања покажуваат дека заштитата од Ковид-19 со помош на вакцината на „Модерна“ трае најмалку шест месеци, објави АП.

Во извештајот на „Њу Ингланд журнал оф медисин“ се наведува она што „Фајзер“ го најави минатата недела за неговата вакцина, а тоа е дека вакцината на „Модерна“ работи на истиот принцип.

И двата извештаи, на компаниите „Фајзер“ и „Модерна“, се темелат на тестови на десетици луѓе кои примиле вакцина за време на студиите на кои им претходела масовна имунизација.

Сепак, тие студии биле направени пред појавата на нови, позаразни видови, поради што во посебен извештај во медицинското списание пишува за загриженоста за мутирани типови на ковид.

„Фајзер“ и „Модерна“ соопштија дека работат на ажурирање на вакцините или можност за давање уште една доза, доколку е потребно против новите видови.

Можете да прочитате

Зеленски му го одзеде украинското државјанство на митрополитот Онуфриј поради врски со Русија и поддршка на московската патријаршија

Си-би-ес ќе му исплати 16 милиони долари на Трамп

Романски европратеник побара гласање недоверба на ЕК