Утрински Весник
Свет

Британски министер: Ковид-сертификатите нема да бидат дискриминирачки, во рестораните без потврда

Велика Британија: Повеќе од 70 пратеници против воведување ковид-пасоши

„Секаков вид на потврда за ковид статус усвоен од Велика Британија мора да биде функционален и не смееме да правиме дискриминација на луѓе кои не биле вакцинирани“, изјави денеска британскиот министер за вакцинација, Надим Захави.

На прашањето дали шемата на сертификати ќе биде дискриминирачка, Захави рече: „Нема да има ситуација во која владата ќе дозволи тоа да се случи“.

Тој додаде дека, бидејќи нема доволно вакцини за секого, мора да се разгледа употребата на нови технологии за сè да функционира.

„Секој може да добие тест. Нема дискриминација. Не може секој да добие вакцина, па затоа мора да ги разгледаме сите технологии за да се осигураме дека тие функционираат заедно“, изјави Захави за Би-би-си.

Захави се осврна и на отворањето ресторани и пабови и одговори на прашањето дали ќе биде потребен сертификат за вакцинација во нив.

Тој рече дека, кога повторно ќе бидат отворени, пабовите и рестораните нема да побараат потврда за вакцинација од своите гости.

Тој исто така рече дека по пабовите и рестораните, продавниците и градините на угостителските објекти ќе имаат дозвола да работат следната недела, додека отворањето на хотелите се очекува во мај.

Захави, сепак, рече дека луѓето сè уште треба да се однесуваат одговорно за да го држат вирусот под контрола.

„Ние мора да го третираме овој вирус одговорно и да ги следиме примерите на други земји со цел да ја задржиме заразата под контрола“, изјави Захави за „Скај њуз“, објави „Ројтерс“.

Можете да прочитате

Погодени два танкера во Ормускиот Теснец, нови напади врз американски бази во Катар, Кувајт и Ирак

САД уништија 16 ирански бродови за поставување мини во близина на Ормускиот Теснец

Белата куќа вели дека САД нема да бидат „задоволни“ ако Русија споделува разузнавачки информации со Иран