Утрински Весник
Свет

Страшен циклон во Индонезија, има најмалку 157 жртви

Страшен циклон во Индонезија, има најмалку 157 жртви

Најмалку 157 лица ги загубија своите животи во Индонезија и соседен Источен Тимор, а десетици се водат како исчезнати по циклонот „Сероз“, кој ја зафати Југоисточна Азија и остави пустош и бројни бездомни семејства, соопштија денеска индонезиските власти.

Индонезиската агенција за вонредни состојби објави дека биле евидентирани 130 жртви на оддалечените острови недалеку од Источен Тимор, каде што се потврдени уште 27 смртни случаи, пренесува лондонски „Гардијан“.

Во трка со времето, индонезиските спасувачки екипи се обидуваат да пронајдат повеќе од 70 лица кои се водат како исчезнати и со булдожери го расчистуваат теренот во планинските области.

Напорите на спасувачките екипи се попречени од честите прекини на електричната енергија, блокадите на патиштата до оддалечените локации и лошите временски услови.

Можете да прочитате

Се преврте туристички брод со 53 патници во Виетнам – Досега се потврдени 28 жртви

Mожен е воен конфликт со Русија и Кина во 2027 година, тврди командант на НАТО

Австралија испорача тенкови „Абрамс“ до Украина