Утрински Весник
Македонија

Казни за 164 возачи во Скопје, 23 за брзо возење

Казни за 164 возачи во Скопје, 23 за брзо возење

164 возачи на територијата на град Скопје добиле казни поради прекршување на сообраќајните правила.

Притоа за возење над дозволената брзина казнети биле 23 возачи, 10 биле санкционирани за непрописно престројување, три за нерегистрирани возила.

Изречени се 16 казни за користење мобилен телефон, три за минување на црвено светло, две санкции за возачи на мотоцикли, три за некористење сигурносен појас и 52 санкции за непрописно паркирани возила, информираат од МВР.

Додаваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила за поголема безбедност во сообраќајот.

Можете да прочитате

Лимани со Ахмети и Таравари на ифтар кај Рама во Тирана

Петровска: Како една од 120 пратеници им се извинувам на родителите од Кочани

Трагедија во Тафталиџе: Детето тропало по врати и барало помош