Утрински Весник
Спорт

Гвардиола: УЕФА и ФИФА ги „убиваат“ играчите

Гвардиола: УЕФА и ФИФА ги „убиваат“ играчите

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, распука по ФИФА и УЕФА. Тој е лут поради густиот распоред, смета дека фудбалерите не се машини и дека им треба одмор.

„Играчите се луѓе, не се машини. Знам дека многумина се вознемирени, сакаат да играат на секој натпревар, но тоа не е возможно. Доколку не ротирате, тогаш нема да можете да играте во сите натпреварувања, нема да имате можност да се наоѓате на местото не кое ние се наоѓаме. Секако, фудбалерите можат да играат, имаат неверојатен менталитет, но сепак им треба одмор. УЕФА и ФИФА ги убиваат играчите. Од почетокот на сезоната, ние немавме ниту една пауза во среде недела, ниту еднаш“, рекол Гвардиола.

> Гвардиола: УЕФА и ФИФА ги „убиваат“ играчите <

Можете да прочитате

Над 1.000 македонски навивачи ќе ја бодрат репрезентацијата во Копенхаген

На 18 април стартува новата сезона на Шампионатот во рели со историски возила

УЕФА ја откажа Финалисима 2026