Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Казни за прекршители на полицискиот час

Казни за прекршители на полицискиот час
Dik 300x250 mk

Скопското јавно обвинителство поднесе предлози за издавање казнени налози против четири лица заради непочитување на полицискиот час.

Лицата биле затекнати надвор од своите домови, на различни локации во градот, за време на важечката забрана за движење од 22 до 05 часот, воспоставена како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот, информираат од МВР.

На овој начин тие сториле кривичното дело- непостапување според здравствените прописи за време на епидемија казниво според Кривичниот законик, соопштуваат од таму.

Надлежниот јавен обвинител за сите обвинети предложи парична казна од по 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност.​

Можете да прочитате

Од вечерва почнува изборниот молк за локалните избори

Митовски: Ниту закани, ниту полиција не можат да ја скршат волјата на Паланчани

Филипче: СДСМ повторно расте, останува единствена сила што може да му се спротивстави на ДПМНЕ