Утрински Весник
Македонија

Честитка од Заев до верниците кои денеска празнуваат Велигден

Честитка од Заев до верниците кои денеска празнуваат Велигден

Премиерот Зоран Заев испрати писмо со честитки по повод празникот Велигден до д-р Киро Стојанов, бискуп скопски и апостолски егзарх во Северна Македонија, во кое во негово и во име на Владата на Република Северна Македонија, на сите верници на Католичката црква во нашата земја, како и на сите верници од протестантските деноминации во земјата коишто денеска го празнуваат, им го честита големиот христијански празник – Велигден.

Премиерот Заев во писмото пишува дека и годинава еден од најсветлите празници се празнува со ограничувања кои ги донесе пандемијата на Ковид-19 и во период кога целиот свет се соочува со тешки искушенија.

Тој порача дека на празникот посветен на спасението и на новиот живот, треба да се потсетиме на потребата да бидеме достојни верници и чесни луѓе, и низ нашата скромност да понесеме саможртва за доброто на сите, заштитувајќи се себеси и здравјето на ближните.

„Токму светлината на овој празник во овие драматични мигови за човештвото, не поттикнува да се преиспитаме, да создаваме добри дела и да покажеме разбирање еден со друг, да бидеме љубезни во кругот на нашите семејства, помеѓу соседите и пријателите и севкупно во нашата држава. Христос со воскреснувањето ни покажа нешто навистина ново, нешто што ја промени состојбата на човештвото и светот и ни дава надеж и сила за победа над сите човечки ситуации на страдање и неправда“, пишува премиерот Заев во честитката до верниците од католичката и протестантските заедници во земјата по повод Велигден со желби празничните денови да поминат во добро здравје и духовна сила со пораката „Христос воскресна!“.

Можете да прочитате

Максим Димитриевски е симболот на лажниот патриотизам и профитерството

Синдикатот на полицијата до Собранието достави барање за повисоки плати

Хелсиншки: Загрижени сме поради апелот на Министерството за здравство медиумите да не ги снимаат пациентите кои се лекуваат во болницата во Кочани