Утрински Весник
Македонија

Се запали куќа во Кисела Вода

6c579f96 62d0 4588 92e3 af051a0dfd93

Сирените на противпожарната служба утрово ги разбудија житлите на улица „Димо Хаџи Димов“ во скопската населба Кисела Вода каде се запали куќа. Со брза интервенција на две противпожарни возила пламените јазли и густиот чад брзо беа локализирани и не беше дозволена огнената стихија  да предизвика поголема трагедија пишува 24инфо.мк.

Направена е само материјална штета. Неофицијално пожарот е предизвикан во дел од куќата каде имало вклучена греалка, од која се зафатил мебелот во собата и брзо се проширил во другите делови. Од топлината пукаа стаклата на прозорите и вратите, а од кровот на целиот стамбен објект во која се сместени повеќе семејства излегуваше густ чад.

Станарите и соседите кои беа разбудени од звукот на сирените во паника беа излезени надвор, додека пожарникарите ја ставија ситуација под контрола. Истрагата дополнително треба да даде одговор што било причина за пожарот кој ги вознемири жителите во Кисела Вода.

Извор: 24инфо.мк

Можете да прочитате

Јанчев од Левица: Барајте од другите пратеници поддршка за амандманот за прогласување на Кожуф за национален парк

(Видео) Три хеликоптери утрово повторно дејствуваат на пожарот кај Блаце

Денес и утре (понеделник – вторник 7/8 јули) повторно над 40 степени!