Утрински Весник
Свет

Во Турција рекордни 44.756 нови случаи на Ковид-19 за 24 часа

Во Турција рекордни 44.756 нови случаи на Ковид-19 за 24 часа

Турција има рекорден број на новозаразени со коронавирус во последните 24 часа, дури 44.756, според податоците на локалното министерство за здравство.

Податоците на Ројтерс покажуваат дека Турција во моментов е на петтото место во светот по седумдневниот просечен број на новозаразени со Ковид-19.

Пандемијата во Турција се шири откако властите ги ублажија ограничувачките мерки на почетокот на март, а Турција руши рекорди секој ден, петти ден по ред, пишуваат тамошните медиуми.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во понеделникот објави поостри мерки, вклучително и враќање на затворањата за време на викендот, на државно ниво за месецот Рамазан, кој започнува на 13 април.

Од почетокот на пандемијата, во Турција има 3,4 милиони заразени со коронавирус. Во последните 24 часа починале 186 лица, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 32.078, анализираат медиумите.

Можете да прочитате

Велика Британија: Температурата во училниците повисока од 40 степени Целзиусови

Јапонската вселенска агенција го изведе првиот пробен лет на ракета за повеќекратна употреба

Извор за иранските медиуми изјавил дека нема да има преговори додека САД не се повлечат од своите ставови