Француската агенција за лекови откри три нови случаи на тромбоза на „атипични“ места по вакцинирањето со вакцината на „Астра зенека“.
Овие случаи биле пријавени изминатата недела, известуваат француските агенции.
Во пријавените случаи, тромбозата главно се јавувала во мозокот во рок од девет дена по вакцинацијата. Повеќето од погодените биле жени. Во девет случаи вакцинираните лица биле помлади од 55 години, во три случаи постари.
Повеќето француски здравствени власти веќе препорачаа вакцинација со вакцината на „Aстра зенека“ за лица постари од 55 години, по краткиот прекин на вакцинацијата во средината на март.
До 25 март, во Франција биле исористени 1,9 милиони дози од оваа вакцина.
Во Германија, министрите за здравство во вторникот одлучија вакцината генерално да се дава на лица над 60 години, освен ако помладите луѓе не сакаат да го сторат тоа на сопствен ризик по консултација со нивниот лекар.
Од почетокот на неделата, пријавени се 31 сомнителни случаи на церебрална венска тромбоза по вакцинацијата со астра зенека“, пишуваат светските агенции.
Францускиот претседател Емануел Макрон неодамна објави дека секој над 60-годишна возраст може да се вакцинира противКковид-19 од средината на април.
Во Франција, до средината на мај следат луѓето постари од 50 години. До крајот на летото треба да се вакцинираат сите луѓе над 18 години кои сакаат да се вакцинираат.