Утрински Весник
Свет

Мицотакис ја критикуваше бавноста на вакцинацијата во ЕУ

Мицотакис ја критикуваше бавноста на вакцинацијата во ЕУ
Dik 300x250 mk

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска ја критикуваше бавната имунизација во Европската Унија, но најави дека неговата земја ќе го удвои бројот на вакцинации во следните недели.

Мицотакис рече дека сите над 60-годишна возраст ќе бидат вакцинирани во Грција до крајот на мај.

Говорејќи пред грчкиот парламент, тој рече дека ја цени заедничката набавка на вакцини од страна на Европската комисија, што им помогна на помалите земји како Грција, но рече дека не успеала брзо да ги обезбеди потребните количини.

„ЕУ е должна да ги искористи сите правни средства за да ги принуди компаниите со кои потпиша договори да ги почитуваат одредбите од договорот, вклучително и забраната за извоз“, рече Мицотакис, пренесува „Ројтерс“.

Со тоа тој ја поддржа најавата на ЕК дека ќе забрани извоз на вакцини сè додека „Астра зенека“ не ги достави договорените количини во ЕУ.

Можете да прочитате

Трамп: Ќе видиме како еден комунист ќе го води Њујорк

Виетнам под налет на тајфунот Калмаеги

Израел ја прогласи границата со Египет за затворена воена зона