Утрински Весник
Свет

Министер за здравство казнет со 300 евра поради неносење маска

Министер за здравство казнет со 300 евра поради неносење маска

Романскиот министер за здравство Влад Воjкулеску е казнет со 1.500 леи (околу 300 евра) за неносење заштитна маска, што е една од задолжителните мерки за спречување на ширењето на коронавирусот во таа земја.

Полицијата во Букурешт објави дека казнила член на владата за непочитување на прописите за задолжително носење на заштитна маска, пренесува „Аџерпрес“.

Можете да прочитате

„Можно е да не дојдев“ – Трамп го пофали Ердоган, а жестоко ја критикуваше НАТО Алијансата

Полицијата во Анкара блокира и приведе демонстранти што протестираа против НАТО

Руте: НАТО ќе инвестира околу 40 милијарди долари во одбрана од дронови во наредните пет години