Австрија, поради недостиг на вакцини од заедничката европска набавка, најверојатно, ќе одлучи да ја купи руската вакцина „спутник В“, истражувањата покажуваат дека ваквиот чекор би бил поддржан од Австријците.
Дури 69 проценти од Австријците, според истражувањето на јавното мислење, гласале за набавка на руска вакцина.
Исто така, 57 проценти велат дека би се вакцинирале со оваа вакцина, која сè уште не добила одобрение во ЕУ.
Поддршката за руската вакцина е најголема кај мажите и постарите граѓани.
Австрија во моментот преговара со Русија за испорака на милион дози од вакцината „спутник В“, а првите испораки, доколку биде потпишан договорот, може да стасаат овој месец.