Утрински Весник
Економија

Маркуш-Ангеловска- Бежовска: Словачка е силeн поддржувач на евроинтеграциските цели на вашата земја

Маркуш-Ангеловска- Бежовска: Словачка е силeн поддржувач на евроинтеграциските цели на вашата земја

Словачка е силeн поддржувач на евроинтеграциските стратегиски цели на вашата земја, истакна амбасадорот на Словачка во нашата земја Хенрих Маркуш. Тој оствари средба со гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска заради поддршка на Народната банка преку спроведување повеќе проекти.

„Оттука, предвидена е можност за воспоставување соработка во повеќе сегменти, меѓу другото и во доменот на централнобанкарското работење. Народната банка е силeн партнер за остварување на овие предвидени активности, преку размена на искуства и стекнување нови знаења во соработката со централната банка на Словачка и ѝ подаваме рака за спроведување заеднички проекти и забрзување на соработката“, истакна Маркуш.

Ангеловска-Бежоска посочи дека нашата централна банка во својот домен на работењето има интерес за воспоставување потесна билатерална соработка со Народната банка на Словачка, продолжувајќи ја иницијативата на нејзиниот гувернер, Петер Кажимир.

„Размената на искуства со европските колеги и стекнувањето нови знаења е постојана заложба на Народната банка, што е и значајна алатка преку којашто се гради капацитетот и се зајакнува независноста на институцијата. Со ова се овозможува подобро исполнување на нашите цели и задачи, обезбедувајќи значителен придонес за развојот на економијата во полза на сите граѓани и компании“, истакна гувернерката.

Словачкиот амбасадор Маркуш и гувернерката Ангеловска-Бежоска изразија цврсти заложби за продлабочување на соработката.

Можете да прочитате

Дурмиши: Oд март 2025 зголемување на минимална плата

УПОЗ не отстапува од барањето за покачување на минималната плата на 450 евра

Се подготвува новогодишната кошничка: Околу 600 производи еден месец ќе бидат по намалена цена