Утрински Весник
Свет

Во Индија најголем број на заразени со Ковид-19 во последните 6 месеци

Индија не успева да ја заузда епидемијата

Индија регистрирала 81.466 новозаразени случаи со коронавирус што е досега најмногу од 2 октомври, проценува министерството за здравство во оваа земја.

Заклучно со вчера, потврдени биле нови 469 смртни случаи, со што вкупниот број е 163.396 лица велат официјалните власти.

Вкупниот број на заразени лица во Индија е 12,3 милиони, што ја прави оваа земја трета во светот, зад САД и Бразил по заразени од Ковид-19.

Можете да прочитате

Марта Кос: Албанија затвора уште едно поглавје, со Молдавија и Украина отвораме по две

Дронови нападнаа бродови кај Бугарија, еден потона

Киев нападнат со балистички ракети, експлозии во Лавов, Запорожје и Харков; Москва нападната со над 400 дронови