Утрински Весник
Свет

Премиерката на Нов Зеланд за четири години петкратно ја зголеми минималната плата

Премиерката на Нов Зеланд за четири години петкратно ја зголеми минималната плата

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн ги зголеми минималната плата и даноците за најбогатите.

Претходно, таа ги повика компаниите да воведат четиридневна работна недела за време на пандемијата.

Минималната плата е покачена на 20 долари на час, а оние со највисоки плати можат да сметаат на данок од 39 проценти во иднина.

Според ОЕЦД, Нов Зеланд и досега беше меѓу петте земји со највисока минимална плата во светот. Џасинда Ардерн постепено ја зголемуваше минималната плата во текот на изминатите четири години: во 2017 година таа беше пет пати помала, на ниво од 4,25 долари.

Висината на минималната плата е важна особено за време на пандемија, бидејќи ја примаат многумина од вработените на аеродроми и на граничните работни места, на првата линија на одбрана од коронавирус. Синдикатите побараа зголемување на нивната дневница на 22,10 долари.

Новата највисока даночна стапка ќе важи за секој што заработува повеќе од 180.000 долари годишно, т.е. за околу два проценти од Новозеланѓаните. Тој данок треба да донесе дополнителни 550 милиони долари приходи во буџетот оваа година.

Презентирајќи ги промените од кои имаат корист посиромашните, премиерката Џасинда Ардерн рече дека владата на тој начин ги исполнува своите предизборни ветувања, пренесува „Јутарњи лист“.

Измените претставуваат вистинско зајакнување на поддршката што ја даваме на нашите најранливи, рече Ардерн.

Можете да прочитате

Ново разрешување од функција на висок претставник во кинеската армија поради истрага за „сериозно кршење дисциплина“

Американска база од 1959 година забележана под 30 метри мраз на Гренланд

Истражување: Загадувањето на воздухот од пожари е поврзано со 1,5 милиони смртни случаи годишно