Утрински Весник
Свет

(Видео) Околу 70 лица заробени во вагоните по страшната несреќа во Тајван

(Видео) Tајван: Воз со 350 луѓе излета од шините, загинаа најмалку 36 лица

Околу 70 лица се уште се заробени во оштетените вагони на возот кој излета од шините во источен Тајван во несреќата во која загинаа најмалку 36 лица, соопшти противпожарната служба.

Возот удри во камион што се лизна од патот што води кон блиското градилиште. Повеќе од 40 патници се повредени.

Ова е најголемата железничка трагедија на островот во последните четири децении.

Експресниот воз се наоѓаше на линијата помеѓу Тајпеј и Таитунг, а во него се превезуваа голем број туристи и луѓе кои тргнуваа дома на почетокот на викендот, известуваат медиумите.

Објавената снимка покажува сериозно оштетени вагони во тунелот додека спасувачите се обидуваат да стигнат до патниците.

Во возот имало околу 350 луѓе, соопштија пожарникарите.

Тајванските медиуми јавуваат дека многу патници стоеле поради големата гужва и дека тие паднале кога се случила несреќата.

Повеќе од 40 лица се веќе префрлени во болницата.

Биле евакуирани меѓу 80 и 100 патници од првите четири вагони, а вагоните од петтиот до осмиот биле „деформирани“ и се тешко пристапи, се вели во соопштението на противпожарната служба.

Официјалната агенција ЦНА наведува дека камионот „не бил правилно паркиран“ и се сомнева дека се лизнал на пругата.

Можете да прочитате

Ново разрешување од функција на висок претставник во кинеската армија поради истрага за „сериозно кршење дисциплина“

Американска база од 1959 година забележана под 30 метри мраз на Гренланд

Истражување: Загадувањето на воздухот од пожари е поврзано со 1,5 милиони смртни случаи годишно