Утрински Весник
Спорт

Потоп на Вардар во Скопје – Веспрем направи +14 разлика!

Потоп на Вардар во Скопје – Веспрем направи +14 разлика!
Dik 300x250 mk

Патот на Вардар во ЕХФ Лигата на шампионите практично заврши денеска, откако во првиот меч од осминафиналето против старите познаници Веспрем доживеаја вистинска катастрофа, пораз со астрономски 27:41 (11:21) во „Јане Сандански“.

Со тим полн со поранешни вардарци, почнувајќи од тренерот Давид Дејвис, преку Манасков, Шишкарев, Мораеш, Борозан, Веспрем беа фаворити и пред пристигнувањето во Скопје, ни никој не очекуваше таква резултатска катастрофа на тимот на Стевче Алушовски.

Унгарскиот клуб водеше од самиот почеток на мечот, и веќе по дваесет минути игра имаа предност од шест гола (6:12), за на полувреме да порасне на огромни 10 разлика (11:21). Почетокот на второто полувреме донесе заддржување на оваа разлика, но потоа, Веспрем уште повеќе додаде гас и на дваесет минути пред крајот имаше 15 предност (21:36).

Словенецот Гашпер Маргуч не „растури“ со осум гола, Јахја Фати Омар додаде седум, а Борозан и Манасков имаа четири гола. За Вардар, Иван Чупиќ беше најефикасен со осум гола.

ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ, ОСМИНАФИНАЛЕ, 1.МЕЧ

Вардар – Веспрем 27:41 (11:21)

Мотор Запорожје – Мешков Брест (15:12)

Фото: РК Вардар 1961/Денис Дуковски

> Потоп на Вардар во Скопје – Веспрем направи +14 разлика! <

Можете да прочитате

Лос Анџелес Доџерс ја одбранија титулата

Салах го постигна 250. гол за Ливерпул и им се придружи на Раш и Хант

УЕФА пред тужба за повреда на авторски права на новиот концепт на Лигата на шампиони