Хрватската тенисерка Олександра Олијникова, успеа да собере над 5.000 долари откако продаде дел од својата десна рака како НФТ дигиталeн фајл, тврдејќи дека новиот сопственик ќе може да заработи над 100 пати повеќе во иднина.
Што точно е НФТ (non-fungible token)? Иако се работи за обичен дигитален фајл, компликуваниот систем на кодирање, гарантира дека има само еден таков уникатен фајл (кој може да се копира). Во последно време се плаќаат баснословни суми за вакви НФТ фајлови на уметнички дела, но и спортски „картички“.
20-годишната Олијникова продаде дел од кожата меѓу својот лакт и рамо во големина од 15 сантиметри на 7.5 сантиметри за три Ether (дигитална валута), која во моментот на трансакција вределе 5.415 долари. Купувачот, сега, ќе ме да напише било каква порака на овој простор (со исклучок на екстремистички пораки и сајтови за обложување), или да го заддржи местото празно и да го продаде во иднина.
„Ќе го носам вашиот уметнички објект или порака на секој тениски терен на кој играм. Имам само 20 години и кариерата ми се движи нагоре, така што ќе бидам на најголемите тенискилокации на светот“, вели Олијникова, која е на 658. место на ВТА листата и игра на ИТФ турнејата.
Популарноста на НФТ токените станува неверојатна последните месеци. Основачот на Твитер, Џек Дорси го продаде својот прв твит за неверојатни 2.9 милиони долари, а НФТ влегоа и во спортскиот свет – УФЦ ѕвездата Хабиб Нурмагомедов понуди НФТ фајлови за своите најверни фанови.
View this post on Instagram
> Хрватска тенисерка продаде дел од телото за над 5.000 долари <