Утрински Весник
Свет

Емиратите се заканија дека ќе ги затвораат првоаприлските шегаџии

Емиратите се заканија дека ќе ги затвораат првоаприлските шегаџии

Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) ги предупредија жителите да не шират лажни шпекулации и да не прават шеги денес, на Денот на шегата, велејќи дека тоа му штети на општеството и може да им донесе на луѓето затворска казна до една година, пренесува „Мидл Ист монитор“.

Државното обвинителство предупреди на употребата на платформите на социјалните мрежи за учество во годишниот ритуал на Денот на шегата велејќи дека шпекулациите влијаат негативно на општеството, им штетат на јавните интереси, шират негативен дух и ја нарушуваат јавната безбедност потврдувајќи дека нивното ширење е казниво со закон со затвор во траење од не помалку од една година.

Казната затвор, соопшти официјалната новинска агенција ВАМ, ќе важи за „секој што намерно шири лажни или злонамерни вести, податоци или шпекулации или емитува возбудлива пропаганда ако таа ја нарушува јавната безбедност, влева терор меѓу луѓето или му штети на јавниот интерес“.

И да, ова не е шега!

Можете да прочитате

Судири помеѓу полицијата и земјоделците пред ЕП во Стразбур

Британската влада одобри Кина да почне со изградба на нова амбасада во Лондон, една од најголемите во светот

Владата на Полска планира да ја укине вонредната помош за Украинците