Утрински Весник
Свет

Во Русија спречен терористички напад, сторителот ликвидиран

Во Русија спречен терористички напад, сторителот ликвидиран

Руската Федерална служба за безбедност спречи терористички напад врз објект на енергетска индустрија во регионот Твер, а осомничениот член на Исламската држава беше ликвидиран додека се спротивставуваше на апсењето, пренесувваат руските агенции.

Во соопштението на ФСБ се прецизира дека убиениот терорист е руски државјанин, по потекло од централна Азија.

Тој наводно купил компоненти за производство на импровизирана експлозивна направа по наредба на водачот на терористичките ќелии на Исламската држава и во својот дом изградил лабораторија за синтеза на експлозивни направи.

„За време на апсењето милитантот даде вооружен отпор, а силите на специјалните единици на ФСБ на Русија го неутрализираа со возвратен оган“, се вели во соопштението.

Од таму додаваат дека во неговиот дом биле пронајдени огнено оружје и муниција, експлозивна направа подготвена за употреба и компоненти за нејзино производство.

Можете да прочитате

Дигиталното евро доаѓа: Еве како ќе функционира новата европска валута

Трамп ја нарече Шпанија „ужасен партнер“, а неколку часа подоцна ја пофали

Европскиот парламент го критикува Зеленски поради спорот со Полска