Утрински Весник
Свет

Австралија го укина тридневното заклучување во Бризбејн

Австралија го укина тридневното заклучување во Бризбејн

Австралија ја укина тридневната блокада на Бризбејн, третиот по големина град во Австралија, бидејќи има само еден нов случај на зараза со Ковид-19 во државата Квинсленд.

Сепак, жителите сè уште треба да носат маски на јавни места, а некои ограничувања на социјалното растојание ќе останат во сила, изјави премиерот на Квинсленд, Анастасија Палашчук, која најави олабавување на ограничувањата, пренесува „Ројтерс“.

„Очекуваме многу добар Велигден“, рече Палашчук, но предупреди дека државата сè уште не излегла од кризата.

Квинсленд е популарна дестинација за домашните патници за време на велигденските празници и претстојните училишни одмори.

„Апелирам до сите жители на Квинсленд дека ако сите ја направиме вистинската работа во следните две недели, можеме заедно да го поминеме ова“, рече премиерката во телевизиско обраќање.

Собирите во домаќинствата низ целата земја ќе останат ограничени на 30 лица.

Австралија во голема мера го ограничи ширењето на вирусот благодарение на затворањето на границите, итни заклучувања и системот за брзо следење случаи.

Од почетокот на пандемијата, таа објави околу 22.000 случаи, вклучително и 909 смртни случаи, што е многу помалку од повеќето други развиени нации.

Сепак, некои здравствени експерти предупредуваат дека одложената вакцинација го зголемува ризикот од нова епидемија. До крајот на март беа дадени околу 670 000 дози, што е под првичната цел на Австралија од четири милиони дози.

Можете да прочитате

Уште една европска земја воведува туристички такси

Путин: Ако Киев стане нуклеарна сила, Русија ќе го употреби целото свое оружје против Украина

Во Велика Британија почна судски процес против тројца Бугари обвинети за шпионажа за Русија