Утрински Весник
Свет

Италија воведе задолжителна вакцинација за здравствените работници

Италија воведе задолжителна вакцинација за здравствените работници

Сите здравствени работници во Италија ќе мора да се вакцинираат против коронавирусот, објави синоќа италијанската влада.

Указот, кој е одобрен од кабинетот на премиерот Марио Драги, вели дека здравствените работници, вклучително и фармацевтите, се обврзани да се вакцинираат, а оние што ќе одбијат би можеле да бидат суспендирани од работа без финансиски надомест до крајот на годината.

„Целта на мерката е да се заштити медицинскиот и немедицинскиот персонал што е можно повеќе, како и оние кои работат во средина каде што можат да се заразат“, се вели во соопштението на владата.

Критичарите на владата се сомневаат во законитоста да се принудуваат само одредени категории на население да примаат вакцина.

Досега во Италија се дадени околу десет милиони дози на вакцини, а две дози примиле околу 3,1 милиони луѓе постари од 60 години.

Можете да прочитате

Големиот пожар во пристаништето во Хамбург е изгаснат

Главните автопатишта во Израел се затворени поради протести со кои се бара прекин на војната во Газа

Побогат од било кога: Како Трамп заработува од Белата куќа