Утрински Весник
Свет

Хамас инсистира на обнова на ПЛО и ослободување на Палестина

Хамас инсистира на обнова на ПЛО и ослободување на Палестина

Шефот на политичкото биро на Хамас, Исмаил Ханијех, во вторникот рече дека неговото движење инсистира на обнова на Палестинската ослободителна организација (ПЛО), пренесува „Мидл Ист монитор“.

Во говорот што го одржа на Втората меѓународна студентска конференција, Ханијех рече: „Веруваме дека внатрешната поделба не е нормална во контекст на палестинската историја.“

Тој истакна дека Хамас е сериозен во спроведувањето на препораките од дијалогот меѓу различните фракции во Каиро.

„Обновата на ПЛО мора да се изврши преку реформи во Палестинскиот национален совет,“ посочи Ханијех.

Лидерот на Хамас истакна дека неговото движење е посветено на ослободување на палестинските затвореници и заштита на легитимните интереси на палестинскиот народ.

„Нашиот народ инсистира на правото на враќање, да ја ослободи Палестина и да ја создадеме нашата палестинска држава со Ерусалим како нејзин главен град “, изјави тој.

Можете да прочитате

Цените на ретките земни метали пораснаа поради новите кинески извозни контроли

Нетанјаху го предложи Трамп за Нобелова награда за мир

Пронајден мртов рускиот министер за транспорт кој утринава бил разрешен