Утрински Весник
Спорт

Фернандо Сантош: Епизодата во Србија многу го погоди Роналдо

Фернандо Сантош: Епизодата во Србија многу го погоди Роналдо
Dik 300x250 mk

Португалија се мачеше против Луксембург, во квалификациите за пласман на Светското првенство. Португалците, синоќа, со пресврт забележаа победа од 3:1.

Португалскиот тим, делуваше индиспонирано на теренот, особено во првото полувреме. Во центарот на вниманието беше Кристијано Роналдо, кој во 78.минута, беше сам пред голманот на Луксембург, не успеа да го совлада иако два пати шутираше.

„Тој во такви ситуации од 100 ќе погоди 99 пати. Понекогаш работите не одат онака како што ќе посакате. Епизодата во Србија многу го погоди“, изјавил португалскиот селектор Фернандо Сантош, дополнувајќи дека е задоволен по првите три натпревари.

„Седум поени од три натпревари. Задоволен сум. Идеално ќе беше доколку освоевме девет бода. Тоа не се случи бидејќи ни беше одземен гол против Србија“.

> Фернандо Сантош: Епизодата во Србија многу го погоди Роналдо <

Можете да прочитате

Интер и Милан официјално сопственици на „Сан Сиро“

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс