Утрински Весник
Македонија

Во болница се наоѓа 28-годишна девојка поради згрутчување на крвта, по примена вакцина на „Астра зенека“

Во болница се наоѓа 28-годишна девојка поради згрутчување на крвта, по примена вакцина на „Астра зенека“
Dik 300x250 mk

Од вчера на болничко лекување по компликации кои се појавиле откако била вакцинирана со вакцината на „Астра зенека“ е 28 – годишна девојка. Министерот за здравство Венко Филипче извести дека таа е на лекување во Клиничкиот центар во Скопје.

„Тромботичен ефект кај 28 – годишната девојка се појави 6 – 7 дена по вакцинирањето. Таа се вакцинирала во Србија. Таа се чувствува добро, но се следи нејзината состојба“, рече министерот Филипче.

Тој доцна синоќа го стопираше вакцинирањето на македонските граѓани со вакцината на „Астра зенека“ откако истото го направија Германија и Канада, поради згрутчувањето на крвта што го предизвикува.

Кај лицата над 60 години вакцината на „Астра зенека“ не се регистрирани негативни ефекти, па Филипче смета дека е безбедна за употреба.
Утрово, кај нас, почна вакцинацијата на лицата над 77 години, токму со вакцината на „Астра зенека“ .

Можете да прочитате

Министерство за здравство не знае колку лекари и медицински сестри фалат

Ако имаме покана нема да одбиеме, ДПА влегува во Влада?

Родителите од Кочани денеска на марш повторно побараа правда за своите деца