Утрински Весник
Свет

Унгарија испраќа полицајци на границата меѓу Србија и Македонија

Унгарија испраќа полицајци на границата меѓу Србија и Македонија

Две единици на унгарската полиција се распоредени долж граничната линија меѓу Србија и Северна Македонија, беше објавено од седиштето на унгарската национална полиција.

Едната единица со 20 члена ќе биде распоредена во Србија, а другата со 30 припадници во Северна Македонија со задача да спроведат гранични патроли и да користат инфрацрвени камери за да ги следат обидите за криумчарење луѓе и стока, пренесува МТИ.

Унгарската полиција е посветена на спречување на илегален влез на бегалци на териториите на Унгарија и ЕУ и затоа им понуди помош на Србија и на Македонија.

Можете да прочитате

Научници до Трамп: Парацетамолот е безбеден за време на бременоста

Пат во Флорида именуван по Трамп

Словенија испраќа два војника на Гренланд