Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Денеска има 33 нови смртни случаи, а Пендаровски и Филипче прават претстава пред граѓаните

Нови 200 заболени и четворица починати од ковид-19 во земјава

Додека трае претставата и глумата меѓу Стево Пендаровски и Венко Филипче, Македонија имаше нов црн ден во кој од корона починаа 33 граѓани, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, откако претседателот на државата оцени дека вакцинацијата на македонски граѓани во Србија е срам за земјата, додека Филипче му префрли дека не се вклучил во процесот за набавка на вакцини.

„Реалноста е дека власта од која дел се и Заев, Пендаровски и Филипче потфрли и не ги заштити граѓаните навреме и не им набави вакцини. Како резултат на тоа, сме една од земјите со највисока смртност, а граѓаните спасот го бараа во Србија. Одговорноста за кризата и хаосот е и кај Пендаровски и кај Филипче и тоа го знаат и самите, затоа прават претстава пред граѓаните префрлувајќи си ја топката еден кај друг, додека бројките на починати растат“, велат од опозициската партија.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт