Утрински Весник
Свет

Ирска планира карантин за патниците од САД, Франција, Германија

Ирска планира карантин за патниците од САД, Франција, Германија

Соединетите Америкнски Држави, Франција, Германија и Италија би можеле да бидат на најновата ирска листа на земји со висок ризик, па затоа ирската влада може да предложи задолжителен карантин за патниците кои доаѓаат од овие земји.

Според ирски „Индипендент“, ставањето во списокот на земји со висок ризик може да предизвика дипломатски тензии со најголемите светски сили, а одлуката за карантин ќе биде донесена во текот на неделата.

Последниот список што го објави Ирска може да вклучува 43 земји кои имаат многу заразни видови на Ковид-19 или имаат повеќе од 500 заразени на 100.000 жители.

Обединетото Кралство не е на оваа листа, се додава во извештајот.

Од патниците од 33 земји, во моментов се бара карантин за влез во Ирска, а се очекува списокот да биде двојно зголемен.

Во Ирска, непочитувањето на карантин е казниво со закон, а паричните казни се движат од 2.000 евра или еден месец затвор.

Можете да прочитате

Орбан: За мир во Украина потребна е средба меѓу Путин и Трамп

Амнести Интернешнл: Израелскиот предлог за „хуманитарен град“ е намера за воени злосторства

Нојман: Употребата на дронови во војната во Украина „не е пример“ за воздушните способности на НАТО