Утрински Весник
Свет

Бајден: 90 проценти од возрасните граѓани на САД ќе се вакцинираат до 19 април

Бајден: 90 проценти од возрасните граѓани на САД ќе се вакцинираат до 19 април

“Планот на нашиот тим е пунктот за вакцинација да не биде оддалечен повеќе од осум километри од било кој возрасен граѓанин во САД. Останатите 10 проценти од граѓаните ќе бидат вакцинирани до 1 мај”, изјави Бајден.

Според него, за време на претходниот викенд, граѓаните примиле 10 милиони вакцини против Ковид-19.

“Владата започна широка национална програма за вакцинирање. Активирани се голем број на волонтери. За помалку од 60 дена, дадени се 100 милиони вакцини. Сега, за 40 дена, ќе се обидеме да дадеме уште 100 милиони. Нема ништо што не можеме да постигнеме ако работиме заедно “, рече американскиот претседател.

Бајден ги предупреди граѓаните да ги засилат мерките на претпазливост и дека не е време да се опуштат.

“Измијте ги рацете, држете физичката оддалеченост, носете маски, вакцинирајте се кога можете. Сега не е време да славиме, туку да ја исполниме нашата должност да се грижиме едни за други, да се бориме до крај”, рече Бајден.

Американските власти ги повикаа граѓаните да преземат мерки на претпазливост за да се спречи ширењето на Ковид-19 во момент на зголемен број на новозаразени низ целата земја.

Можете да прочитате

Федоров: Украина полека ја губи војната, има уште неколку месеци за пресврт

Трамп: Ормуска Теснина е исчистена од мини, секој што ќе постави нови ќе биде уништен

Канада воведува нови царини за американските производи, трговската војна се заканува да ги погоди и Американците