Утрински Весник
Македонија

Комисијата за заразни болести ќе одлучува дали ќе има нови рестриктивни мерки

Комисијата за заразни болести ќе одлучува дали ќе има нови рестриктивни мерки

Комисијата за заразни болести денеска треба да одржи состанок, на кој ќе се разгледува состојбата со коронавирусот, врз основа на што ќе одлучи дали ќе има дополнување на рестриктивните мерки за заштита од вирусот.

Состојбата со пандемијата ќе биде тема и на денешната седница на Советот за безбедност кај претседателот Стево Пендаровски.

Тековната недела надлежните ја окарактеризираа како критична во однос на натамошното ширење на вирусот во третиот бран, во кој се регистрирани голем број заразени и починати.

Бројот на активни случаи во државава изнесува 18.000. Во претходното деноноќие, беа регистрирани нови 303 случаи на коронавирусот од направени 1.405 тестирања. Починаа 41 лице, а оздравени се 1.169 пациенти.

Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека 20. 000 граѓани кои се веќе пријавени на возраст над 75 години, во текот на денешниот ден преку матичните лекари ќе добијат термини согласно местото на живеење во кој пункт и во кое точно време да се јават за вакцинација.

Можете да прочитате

ЛДП за скандалот со Ива Михајлова: А да го укинеме судството, ионака не добива пари колку треба од Владата, а и министерствата не функционираат?

„Платформата 12:05“: Дали бегството на Ива Михајлова е договорено на средбата Муцунски – Чамова во Софија?

Во несреќата за која ѝ се суди на Михаjлова загина 33-годишен жител на Љуботен