Утрински Весник
Свет

Во Лондон луѓе цртаат 150.000 срца за починатите од коронавирус

Во Лондон луѓе цртаат 150.000 срца за починатите од коронавирус

Активисти започнаа да цртаат речиси 150.000 срца кон ѕидот спроти британскиот парламент во спомен на починатите од Ковид-19, за да им помогнат на семејствата на жртвите од пандемијата.

Муралот треба да се протега стотици метри долж јужниот брег на реката Темза пред болницата „Сент Мери“, каде премиерот Борис Џонсон беше на одделот за интензивна нега минатата година кога се разболе од Ковид-19.

Акцијата беше организирана од групата „Covid-19 Bereaved Families For Justice UK“, која бара јавна истрага за пристапот на владата кон пандемијата.

„ Секое срце е насликано рачно и целосно уникатно, како и најблиските што ги изгубивме“, рече Мет Фаулер, еден од основачите на групата.

Британската влада вети дека ќе подигне споменик на жртвите на коронавирусот кога ќе заврши пандемијата.

Можете да прочитате

Судири помеѓу полицијата и земјоделците пред ЕП во Стразбур

Британската влада одобри Кина да почне со изградба на нова амбасада во Лондон, една од најголемите во светот

Владата на Полска планира да ја укине вонредната помош за Украинците