Утрински Весник
Македонија

Следи променливо облачно и ветровито време

Облачно време со пороен дожд и грмежи

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд претежно на северозападот. Ќе дува слаб до умерен северен ветер кој краткотрајно во северните делови ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 11 до 21 степен.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 18 степени.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време и со услови за појава на слаб локален дожд и со сончеви периоди кои ќе бидат почести во среда и четврток. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер кој во средината на денот ќе засилува. До петок температурите ќе бидат во пораст, а за време на викендот ќе биде малку посвежо и врнежливо.

Можете да прочитате

Ферати: 25 години по Охридскиот договор, наша задача е мирот да го претвориме во доверба, а довербата во подобра иднина

МНР: Македонски државјани во подрачјата со пожари во Грција телефонски се обратиле за информации, засега нема официјална бројка на евакуирани

Огнот се спушти до првите куќи во село Лозани