Утрински Весник
Свет

„Двоен мутант“ експертите загрижени, во Индија се појави нов вид коронавирус

„Двоен мутант“ експертите загрижени, во Индија се појави нов вид коронавирус

Покрај постоечките соеви на коронавирус кои предизвикуваат загриженост ширум светот, од примероците собрани во Индија е откриена и нов вид наречен „двоен мутант“.

Научниците тестираат дали новиот сој, во која две мутации се споиле во еден ист вирус, може да биде позаразна, смртоносна или поотпорна на вакцините.

„Како и сите вируси, и коронавирусот се менува како што преминува од една на друга личност. Огромното мнозинство од овие мутации е занемарливо и не го менува начинот на однесување на вирусот. Но, некои мутации активираат промени во шилестиот протеин што го користи вирусот за да влезе во човечките клетки. Овие варијанти можат потенцијално да бидат заразни, да предизвикаат посериозни болести или да не реагираат на вакцини“, велат експертите.

Вакцините против респираторни патогени како САРС-Kов2, вирусот што предизвикува Ковид-19, нè штитат стимулирајќи ги нашите тела да создаваат антитела. Најдобра заштита е неутрализирање на антитела, бидејќи тие спречуваат вирусот да влезе во човечките клетки.

Но индиски научници ја откриле таканаречената „двојна мутација“ на коронавирусот.

„Ваквите двојни мутации обично ја зголемуваат заразноста и полесно можат да го избегнат имунитетот“, се наведува во соопштението на министерството за здравство.

Ако се појават доволно мутации во вирусно семејно стебло или лоза, вирусот може да започне да функционира поинаку и да предизвикува загриженост.

Научниците велат дека британскиот вид на короанвирусот има девет мутации.

Научниците од целиот свет ќе можат да утврдат дали „двојниот мутант“ е од истата лоза како онаа пронајдена во Велика Британија, или дали оваа комбинација на мутации се појавила независно, како што беше случај со мутации кои се споиле во Бразил и Јужна Африка и формирале соеви „P.1“ и „B.1.351“, велат експертите.

Можете да прочитате

Ново разрешување од функција на висок претставник во кинеската армија поради истрага за „сериозно кршење дисциплина“

Американска база од 1959 година забележана под 30 метри мраз на Гренланд

Истражување: Загадувањето на воздухот од пожари е поврзано со 1,5 милиони смртни случаи годишно