Утрински Весник
Свет

Гебрејезус: Сите хипотези за потеклото на коронавирусот остануваат отворени

СЗО најави борба против дезинформациите за коронавирусот

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејезус, изјави дека сите хипотези за потеклото на коронавирусот што ја предизвика пандемијата остануваат отворени.

„Покренати се некои прашања за тоа дали некои хипотези се отфрлени. Сакам да појаснам дека сите хипотези се отворени и дека тие бараат дополнително проучување“, рече тој, пренесуваат агенциите.

Тимот експерти кои го проучуваа потеклото на вирусот во кинескиот град Вухан во вторникот изјавија дека е крајно малку веројатно дека излегол од лабораторија за вирологија и дека тоа не е хипотеза за која тие веруваат дека подразбира понатамошно истражување.

Можете да прочитате

Украдени се над 400.000 KitKat чоколадца

Хутите извршија напади врз Израел, ексалира војната на Блискиот исток

Притисок врз НАТО? Трамп се заканува дека ќе ја повлече војската од Германија