Утрински Весник
Свет

На летување во Грција со било која вакцина или негативен тест

Преминот „Меџитлија“ од полноќ ќе биде затворен за сообраќај
Dik 300x250 mk

Годинава на летување во Грција ќе можат да одат сите лица кои ќе приложат потврда дека се вакцинирани со било која вакцина проитв Ковид-19, со негативен ПЦР тест или брз тест, а грчките граници најверојатно ќе бидат отворени кон средината на април, иако сезоната официјално започнува на 14 мај, соопштија денеска во Белград министрите на туризам на Србија и Грција, Татјана Матиќ и Харис Теохарис.

Двајцата министри денеска потпишаа Меморандум за сертификација на вакцинацијата.

Грчкиот министер на прес-конференција рече дека неговата земја ќе ги прифати вакцинираните со сите вакцини, вклучувајќи ги кинеските и руските, иако тие се уште не се прифатени на ниво на ЕУ.

По состанокот беше објавено дека туристие ќе можат да одат во Грција кон средината на април, односно дека се очекува тогаш да се отворат границите.

Исто така, Србите ќе можат да влезат во земјата и преку Македонија и преку Бугарија.

„Со цел да се нормализира туристичката индустрија, потпишавме заедничка изјава со печат на нашите две земји. Ние мора да ги обезбедиме сите услови за патување. Србија забележа подобар напредок во имунизацијата од нашата земја и се надевам дека набрзо ќе биде исто и кај нас“, нагласи Теохарис.

Можете да прочитате

Украински дронови погодија руски нафтен терминал

Белата куќа објави детали од трговскиот договор меѓу САД и Кина

Нигерија ја прифати американската помош против бунтовниците