Утрински Весник
Свет

Болсонаро ќе мора да ѝ плати отштета на новинарката која ја обвини дека нудела секс во замена за информации

Болсонаро ќе мора да ѝ плати отштета на новинарката која ја обвини дека нудела секс во замена за информации
Dik 300x250 mk

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро мора да плати надомест на новинарка за понижувачки изјави против неа, се дозна во неделата од судското досие до кое пристап имала агенцијата Франс-прес (АФП).

Според одлуката на судот во Сао Паоло, Болсонаро ќе треба да плати 20.000 реали (3.500 американски долари) на Патриција Кампос Мело, новинарка на угледниот дневен весник „Фолха де Сао Паоло“.

Судија на 16 март пресуди дека лидерот на десницата ја нарушил честа и нанел морална штета на новинарката што го тужела претседателот.

Болсонаро може да ја обжали пресудата.

Во февруари минатата година, Болсонаро инсинуираше дека Кампос Мело му нудела секс на еден извор во замена за негативни информации за него.

Новинарката има напишано неколку истражувачки написи за организација која во 2018 година, за време на претседателската кампања, ги клеветела ривалите на Болсонаро преку апликацијата „Ватсап“.

Во јануари, таа победи во правна битка против синот на Болсонаро, Едуардо, кој мораше да плати 30.000 реали (5.600 американски долари) како надомест за нанесена морална штета, откако тој рече дека Мело се обидела да заведе извор за да извлече штетни информации против неговиот татко.

Можете да прочитате

Во тешка несреќа со повеќе возила загинаа над 60 лица во Уганда (ВИДЕО)

Над 80 милиони евра е вредноста на накитот украден од Лувр

Венс во Израел: Ако Хамас не се разоружа, ќе го уништиме