Утрински Весник
Македонија

Казнети 164 возачи во Скопје, од кои 82 за брзо возење

(Видео) Ангеловски: За 36 отсто намален бројот на жртви во сообраќајни несреќи

Полицијата за еден ден казни 164 возачи во Скопје, од кои 82 за брзо возење.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (27.03.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Во Скопје изречени се вкупно 164 мерки, меѓу кои за возење над дозволената брзина 82, шест санкции за возење без возачка дозвола, седум санкционирани мотоциклисти.

Изречени се 10 санкции за користење мобилен телефон, две за управување под дејство на алкохол, исто толку за непрописно престигнување и обиколување и 31 за непрописно паркирани возила.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, велат од МВР.

Можете да прочитате

Во несреќата за која ѝ се суди на Михаjлова загина 33-годишен жител на Љуботен

Левица: Сомнителни тендери во МАНУ под вмровска контрола – 6 милиони за надворешно сметководство, со само една понуда и покрај сопствен финансиски оддел

СДСМ: Црна Гора затвори уште три поглавја, Албанија едно, каде е Македонија?