Утрински Весник
Свет

Силен земјотрес во Јадранското море: „Се тресеше околу 30 секунди“

Силен земјотрес во Јадранското море: „Се тресеше околу 30 секунди“

Силен земјотрес беше регистриран во Јадранското море.

Како што пренесуваат медиумите од регионот, земјотресот бил со јачина од  5.5 степени.

Епицентарот бил на 169 километри северозападно од Бари и 120 километри јужно од Сплит.

Хрватскиот сајт „Индекс“  пренесе дека земјотресот бил најсилно бил почуствуван во Далмација. Жители од овој регион пишуваат дека имало тресење во траење од 30 секунди. Сеизмолозите од Хрватска потврдиле дека нема опаност од цунами.

Потресот бил почуствуван и во Италија.

Можете да прочитате

Торнадо го погоди југот на Франција, 15 повредени и оштетени куќи

Нетанјаху: Иран се обиде да го убие мојот син

Банди извршија масакр во Хаити, над 40 лица убиени