Утрински Весник
Свет

Редици луѓе од Македонија, БиХ и Црна Гора чекаат да се вакцинираат пред белградскиот саем

Редици луѓе од Македонија, БиХ и Црна Гора чекаат да се вакцинираат пред белградскиот саем

Колони луѓе има пред белградскиот саем, кои чекаат ред за да примат вакцина во Србија. Стари, млади, дојдени од Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, а и граѓани од Србија чекаат во редот долг стотици метри, пред двете хали од саемот.

Луѓето сведочат дека организацијата за вакцинација е беспрекорна, но дека надвор не се држи потребната дистанца, иако сите носат заштитни маски.

Стотици волонтери се ангажирани да го зачуваат редот и да ги насочуваат луѓето. Голем број од луѓето се дојдени и на своја рака, без претходно да закажат термин за вакцинација. Никој не е одбиен.

„Тука има можеби над 20 илјади луѓе во моментов. Никој не е вратен затоа што немал закажано термин. Ние дојдовме иако претходно немавме закажано, но веднаш не примија. Дел од српските граѓани се дојдени за ревакцинација. Кога веќе ќе се влезе внатре, работа се завршува многу брзо, за 5-10 минути, бидејќи организацијата е беспрекорна“, сведочат македонски граѓани кои се отидени во Белград да се вакцинираат против Ковид-19.

АМСМ утринава информираше дека на граничниот премин Табановце, поради зголемен интензитет, чекањето за излез од државата е околу 40 минути.

Дел од македонските граѓани денеска се вакцинираат и во Ниш, во спортската сала Чаир. Македонските граѓани ќе ја примат британската вакцина на „Оксфорд“, АстраЗенека. Втората вакцина треба да се прими после 3 месеци.

Во земјава се уште не е почната масовна вакцинација на населението, а првите 24 илјади дози АстраЗенека се очекува да пристигнат утре.

Можете да прочитате

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме