Утрински Весник
Македонија

Средба Спасовски-Филипче: Приоритетно вакцинирање на полициските службеници

Средба Спасовски-Филипче: Приоритетно вакцинирање на полициските службеници
Dik 300x250 mk

Денеска во Министерството за внатрешни работи на покана од министерот Оливер Спасовски се одржа работен состанок меѓу раководствата на Министерството за внатрешни работи и Министерството за здравство предводено од министерот д-р Венко Филипче.

Целта на состанокот како што информираат од двете министерства било прецизирање на термините и постапката за отпочнување на вакцинацијата на полициските службеници, особено на оние кои се директно изложени и учествуваат во борбата за спречување на ширење на пандемијата со коронавирусот.

Од страна на министерот за здравство Филипче било потврдено дека вакцинацијата продолжува според националниот план за вакцинирање на приоритетните групи, а во оваа фаза започнува вакцинацијата на повозрасната група граѓани.

Со оглед на влошувањето на епидемиолошката состојба во земјата, на средбата била утврдена и потребата од приоритетно вакцинирање на сите полициски службеници.

Притоа, министерот Спасовски потенцирал дека министерството за внатрешни работи е подготвено со своите логистички, медицинскии инфраструктурни капацитети да учествува во реализацијата на овој процес.

На состанокот, била истакната и потребата од заедничка средба со верските лидери во земјава, во пресрет на престојните рамазански и велигденски празнувања.

Можете да прочитате

Властите ги смируваат граѓаните: Нема истекување на линдан во Охис

Врсничко насилство меѓу малолетнички во Чаир – тепањето било снимено и со мобилен

Исчезната скопјанка со здравствен проблем, пронајдена и вратена дома