Утрински Весник
Македонија

До вторник нема нови рестриктивни мерки

Prazni ulici skopje

Нема дополнување на мерките за заштита од коронавирусот и во сила остануваат веќе донесените мерки за заштита, одлучила денеска Комисијата за заразни болести по увидот на епидемиолошката состојба, објави МИА.

Мерката за забрана за движење во периодот од 22 часот навечер до 5 часот наутро ќе трае до 6 април.

Нови мерки не се предлагаат, а надлежните институции постојано апелираат на почитување на мерките за заштита со носење маски и одржување  дистанца, како и почитување на протоколите.

Можете да прочитате

Обвинение за 21-годишник, ја претепал и 15 часа ја држел заклучена бремената девојка

Инцидент со плинска боца во угостителски објект во Кочани, спречени посериозни последици

МВР со детали за синоќешната драма во тетовско Гајре