Залудно Оливер Спасовски ја лажеше јавноста кога денес се соопшти дека акцијата „Планина“, во која што беше кажано дека е сузбиена огромна наркогрупа, всушност се сведува на запленети неколку десетици грама дрога и слобода за главните наркобосови, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, одговорот кој и зошто ги пуштил да се спасат главните наркобосови може да се најде и на фотографии каде се гледаат луѓето од власта, вклучително и првиот полицаец Оливер Спасовски, во нивно друштво.
„Спасовски треба да одговара затоа што е пробиена акцијата и што им е овозможено бегство на нарко – босовите. Во ваквиот мафијашки синџир неизоставен дел е и партиската обвинителка на Зоран Заев, Вилма Рускоска, која исто како и МВР на Спасовски вчера се фалеше дека е разбиена нарко – група, за да денеска ретерира и ја соопшти вистината. Луѓето од власта се способни само за криминал. Поминува петта година како ниту еден сериозен криминалец не е уаспен, ниту пак е тргнат од улиците во државата. Да не се чуди владата зошто сите меѓународни институции ја вбројуваат оваа влада за најкриминална во Европа – тоа е така, затоа што мафија владее со државата“, веат од ВМРО-ДПМНЕ.