Фаворитите Англија и Италија постигнаа убедливи победи на стартот на квалификациите за Светското првенство во Катар во 2022 година, додека Шпанија одигра само 1:1 со Грција дома, додека камбекот на Златан Ибрахимовиќ во шведската репрезентација беше одбележан со фантастична асистенција за 1:0 победа над Грузија.
Англичаните на „Вембли“ ги пречекаа аматерите од Сан Марино, со кои немаа мака и стигнаа до 5:0 победа со двата гола на Доминик Калверт-Луин и погодоците на Рахим Стерлинг, Џејмс Ворд-Прауз и Оли Воткинс (во своето деби за „трите лава“). Италија со двата гола во првото полувреме на Доменико Берарди и Чиро Имобиле стигна до 2:0 победа над Северна Ирска, а од фаворитите, само Шпанија изгуби неочекувани бодови со Грција одигрувајќи 1:1. Алваро Мората ги донесе во водство Шпанците, пред Грците да израмнат од пенал во второто полувреме.
Златан Ибрахимовиќ се врати во шведскиот дрес, и иако не се запиша во листата на стрелците беше асистент на Виктор Клесон во 35. минута на атрактивен начин, за Шведска да стигне до тешко извојувана 1:0 победа над Грузија.
Најдраматично беше во Будимпешта, каде што Унгарија имаше 2:0 водство, за на крајот да одигра 3:3 со репрезентацијата на Полска, откако Роберт Левандовски во финишот израмни за гостите.
СП 2022 КВАЛИФИКАЦИИ
ГРУПА Б
Шпанија – Грција 1:1
Шведска – Грузија 1:0
ГРУПА Ц
Бугарија – Швајцарија 1:3
Италија – Северна Ирска 2:0
ГРУПА Ф
Израел – Данска 0:2
Шкотска – Австрија 1:2
Молдавија – Фарски Острови 1:1
ГРУПА И
Унгарија – Полска 3:3
Англија – Сан Марино 5:0
Андора – Албанија 0:1
ШВЕДСКА – ГРУЗИЈА
УНГАРИЈА – ПОЛСКА
ШПАНИЈА – ГРЦИЈА
АНГЛИЈА – САН МАРИНО
ИТАЛИЈА – СЕВЕРНА ИРСКА
ШКОТСКА – АВСТРИЈА
> Грција извлече реми кај Шпанија, Ибра се врати со супер-асистенција за Шведска! <