Утрински Весник
Магазин

Биографот Том Бауер ја најде својата следна тема, Меган Маркл

Биографот Том Бауер ја најде својата следна тема, Меган Маркл

Том Бауер, господарот на неовластената биографија, ја подготвува својата следна книга –  за војвотката од Сасекс, објавија британски медиуми, додавајќи дека тој е тврдокорен новинар кој се спротивставува на луѓе кои ја затајуваат вистината.

Познат како добар истражувачки новинар, тој ќе биде човекот што ќе пребара и интервјуира различни извори за да обелодени објективни докази за она што го пишува.

Биографот, наводно, започнува 12-месечно детално истражување, ќе разговара со пријатели, непријатели и соработници на принцот Хари и Меган, за да може прецизно да ја раскаже приказната за војвотката.

Британски медиуми цитираат неименувани извори кои откриле дека Бауер договорил шестцифрена сума за да ја раскаже приказната за Меган.

Минатите теми му беа премиерот Борис Џонсон, медиумскиот тајкун Роберт Максвел, принцот од Велс… Насловите на книгите честопати ја следат препознатливата формула на микро-описот на субјектот, на пример Борис Џонсон: „Коцкарот“, Роберт Максвел: „Конечната пресуда“, и „Принц бунтовник: Силата, страста и пркосот на принцот Чарлс“.

Том Бауер има напишано биографии и за други познати имиња меѓу кои и Тони Блер, Ричард Бренсон и Мохамед Фаед.

Весникот „Сан“ го цитира изворот кој ја откри приказната за претстојната биографија: „Ова е книга што ќе ја плаши Меган. Том е застрашувачки темелен во истражувањето. Ниту еден камен нема да остане непревртен.“

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста