Утрински Весник
Свет

Во Србија 5.226 нови случаи на коронавирус, починале 36 лица

Во Србија 5.226 нови случаи на коронавирус, починале 36 лица

Во Србија се потврдени 5.226 нови случаи на коронавирус, а починале 36 лица. На болничко лекување има 6.577 пациенти, од кои 242 се на апарати за дишење.

Во последните 24 часа биле тестирани 17.530 луѓе, а 3.330.762 од почетокот на пандемијата.

Вкупниот број на смртни случаи е 5.075, а стапката на смртност е 0,89 проценти.

Рускиот фонд за директни инвестиции и Институтот за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“ објавија дека постигнале договор за производство на вакцината „спутник в“ во Србија.

Можете да прочитате

Научници до Трамп: Парацетамолот е безбеден за време на бременоста

Пат во Флорида именуван по Трамп

Словенија испраќа два војника на Гренланд