Утрински Весник
Свет

Индија го запре извозот на вакцината на „Астра зенека“

Индија го запре извозот на вакцината на „Астра зенека“

Индија привремено го прекина извозот на вакцините на „Астра зенека“ произведени од Институтот за серум во Индија (SII), најголемиот светски производител на вакцини, за да се задоволи домашната побарувачка за вакцината по зголемувањето на бројот на заболени во таа земја.

Ова може да ја одложи испораката на пратки со вакцини во десетици посиромашни земји кои, исто така, се потпираат на производството на SII во рамките на програмата за дистрибуција на вакцини „Ковакс“, која е поддржана од Светската здравствена организација (СЗО).

„Испораките на вакцината во економиите со пониски примања во рамките на програмата ‘Ковакс’ веројатно ќе бидат одложени“, изјавија од УНИЦЕФ, кој е партнер во програмата.

Потегот на Индија се случи во време кога Европската унија размислува да им даде на земјите членки повеќе овластувања да го блокираат извозот на вакцини надвор од блокот, бидејќи повеќето се борат со пораст на бројот на заболени и бараат да се забрза вакцинацијата.

Можете да прочитате

Зеленски: Најмалку 22 загинати во руските напади врз Украина

Туск: Полска може да изгуби повеќе од две милијарди долари поради американските царини

Европските тунели се премали за тенковите на НАТО