Утрински Весник
Свет

Лечиќ: Се повлекувам од чело на Демократите на Србија

Лечиќ: Се повлекувам од чело на Демократите на Србија

Српскиот актер Бранислав Лечиќ објави дека, поради аферата во која актерката Даниела Штајнфелд го обвини за силување, се повлекува од чело на движењето на Демократите на Србија.

„Со цел оваа борба за вистината да не им наштети на сите оние со кои учествувам во борбата против овој злобен режим, се повлекувам од чело на движењето на Демократите на Србија“, рече Лечиќ во писмената изјава.

Kako ova moja borba za istinu ne bi nanosila štetu svima onima sa kojima učestvujem u borbi protiv ovog zlokobnog…

Posted by Branislav Lečić on Thursday, 25 March 2021

„Ова е моја лична борба за одбрана на мојот интегритет, име и професионална репутација и не сакам да ги оптоварувам сите оние кои се искрени борци за нормална, слободна и демократска Србија“, потенцира Лечиќ.

Претходно Драмскиот театар од Белград објави дека, по барање на поголем дел од ансамблот на претставата „Кога тиквите цветаат“, Лечиќ е исклучен од претстојните настапи поради сегашната состојба.

Поради комплексноста на сите настани, Драмски театар од Белград смета дека овој случај е исклучиво во рацете на надлежните институции и тој повеќе нема да коментира на оваа тема, се наведува во соопштението.

Лечиќ вчера објави дека добил покана во својство на граѓанин да се јави во обвинителството со цел да даде изјава во врска со обвинувањата на актерката Даниела Штајнфелд.

Можете да прочитате

Драма на аеродромот во Анталија, авион се запали – евакуирани 79 патници

Сибиха бара партнерите да и обезбедат на Украина системи за пресретнување на ракетите Орешник

Будистички манастир под истрага: 41 тело откриено во Тајланд