Утрински Весник
Македонија

Петровска: Мицкоски иако не е дел од Собранието сака да го диктира работењето на пратениците

141163748 239617077744018 3360496964541971079 n

Славјанка Петровска за емисијата „Утрински брифинг“ вели дека ВМРО-ДПМНЕ е под силно влијание на Мицкоски кој иако не е дел од собранието сака да го диктира работењето на пратениците

Според неа, секој вид на средби кои се во интерес на деблокирање на Собранието се добредојдени.

Зоран Заев вчера од Велес најави дека денеска ќе се бара решние за блокадата.

„Еден дел од важните закони за жал се изблокирани. Сите опции се на располагање, од средби на координатори на пратенички групи па се до лидерска средба и вонредна состојба за да се ослободат институциите да носат одлуки што се од животно значење за нашиот народ. Ќе ја направам консултацијата, дали во Собранието, дали во Клуб на пратеници, сакаме да најдеме решение“, рече Заев.

Можете да прочитате

ФФМ изрече најстрога санкција – Доживотно исклучување за играч на Шкупи

Гаши: Нема информации за тајно сценарио за хаос, но декларацијата ќе биде обврска за сите партии

Финансиската полиција: Уапсени седум лица за даночни измами и перење пари, го оштетиле буџетот за 430 милиони денари