Американската актерка Сузан Сомерс и нејзиниот сопруг, 84-годишниот продуцент и водител Алан Хамел, имаат исклучително богат сексуален живот, тврди таа.
74-годишната актерка неодамна во подкаст емисијата „Heather Dubrow’s World“ рекла дека годините не им пречат да уживаат еден во друг.
„Хормоните нѝ лудуваат, па затоа имаме многу секс. Знам дека сега давам премногу информации, но е пладне, а ние денеска имавме секс веќе 3 пати“, изјавила поранешната sвезда на серијата „Step By Step“.
Рекла и дека Хамел ја разбудил среде ноќ, во 4:30 часот наутро, и бил подготвен за акција.
„Можеш ли барем да почекаш сонцето да изгрее?“, го замолила на шега.
Пред 2 години, актерката откри дека за либидото на нејзиниот сопруг се заслужни инјекциите со меланокортин.
„Во такво расположение сум исто како кога бев млада и секогаш спремна за акција, а истото го чувствува и тој поради тие хормони“, вели Сомерс.
Сузан и Алан се венчале во 1977 година и иако заедно немаат деца, таа има син од претходниот брак, а тој син и ќерка.
„На почетокот на бракот се каравме со години како диви ѕверови, но и двајцата знаевме дека сме судени еден на друг и дека вреди да се поработи на нашата врска, а тоа и го направивме“, рекол Алан.
„Оттогаш нашата врска се продлабочи и не се сеќавам кога последен пат сме се скарале. Заедно сме 24 часа дневно и не сме поминале одвоени ниту една ноќ, повеќе од 40 години. Сакам уште 40 такви“, додал тој.